Максимално искористете го вашиот екран со убави заднини и напредни функции. Изберете една од сопствените фотографии, слика од колекцијата на Google Earth, живописен пејзаж од Google+ и друго. Менувајте ја кога сакате, така што телефонот секогаш ќе го претставува вашиот стил. 
 • Уживајте во колекција што постојано се зголемува. Пристапувајте до слики од Google Earth, Google+ и други партнери. 
 • Удвојте ја забавата. Покажувајте им на другите една заднина на заклучениот екран, а за вас ставете си друга на почетниот екран. (Бара Android™ 7.0, Nougat и понова верзија.) 
 • Започнувајте го секој ден наново. Изберете ја омилената категорија и ќе добивате нова слика на заднината секој ден. 
 Известување за дозволи 
 Фотографии/аудиовизуелни содржини/датотеки: потребна е за да ви дозволи користење приспособени фотографии како заднини. 
 Складирање: потребна е за прикажување на моментално поставената заднина и за да ви дозволи користење приспособени фотографии како заднини.